Ренато Санчес изминатото лето пристигна како големо засилување во екипата на Свонси.
Младиот Португалец стигна на едногодишна позајмица во велшкиот тим од минхенски Баерн, но засега на теренот не покажува ништо и не прави никаква разлика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чини дека Сачес нема уште долго да живее во овој град. Англиските медиуми тврдат дека Португалецот не може да се навикне на животот во Велс и многу е можно веќе во јануари тој да биде испратен назад во Минхен.
Тешко меѓутоа и дека таму ќе игра. Иако е платен дури 35 милиони евра во летото 2016. година кај Карло Анчелоти не се наигра, а прашање е дали Хејнкес би му пружил шанса со оглед на очајната форма која овој 20-годишен фудбалер ја покажува.
Санчес во дресот на Свонси одигра четири натпревари, а во текот на викендот против Хадешфилд веројатно нема да игра поради повредата.