Дома Трансфер зона Повеќекратниот италијански шампион спреми понуда за Несторовски

Повеќекратниот италијански шампион спреми понуда за Несторовски

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е без сомнеж најдобриот играч на Палермо и еден од најдобрите поединци во Серија Б.

Тоа не поминува незабележано кај големите клубови во Серија А, па италијанските медиуми пренесуваат дека Торино е силно заинтересиран за Македонецот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Андреа Белоти не е во најдобра форма, па тренерот Михајловиќ бара нов напаѓач, а прв избор е токму Несторовски.

Медиумите тврдат дека Торино наскоро ќе испрати понуда од 7 милиони евра, но прашање е дали тоа ќе ги задоволи апетитите на Палермо.

Несторовски неодамна го продолжи договорот со клубот од Сицилија, и претседателот Зампарини за неговата слобода бара 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…