Дома Актуелно По заминувањето на Потер Брајтон ќе го води актуелен играч!

По заминувањето на Потер Брајтон ќе го води актуелен играч!

Oд денес Грем Потер и официјално стана тренер на Челзи, па Брајтон остана без тренер.

Во таква ситуација клубот се одлучи за еден необичен потег за натпреварот со Бормут во Премиер лигата. Клубот на овој натпревар ќе биде предводен од актуелниот играч Адам Лалана.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лалана ќе работи на подготовката на натпреварот заедно со менаџерот на вториот тим на Брајтон Ендри Крофтс.

Во овој момент Лалана е повреден и не е во можност да игра, па ќе се обиде на ваков начин да биде од корист. Свеото искуство во Премиер лигата ќе го искористи да помогне на соиграчите.

Брајтон е во потрага по нов менаџер, меѓутоа засега нема најави кога би пристигнал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Салах го заменува Роналдо како лице на саудискиот фудбал со тројно зголемување на платата

Напаѓачот Мохамед Салах може да стане новото лице на саудиската фудбалска лига ако го приф…