Лука Јовиќ денес е вест број еден во медиумите во регионот затоа што го напушти карантинот на Реал Мадрид и се врати во Србија.
Во медиумите се пишуваше дека Јовиќ за оваа негова постапка може да заработи дури и кривична пријава. Српскиот фудбалер се одлучи да ја објасни ситуацијата и се огласи преку неговиот Инстаграм профил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со оглед на ситуацијата во светот и нашата земја, незапаметено во последно време, морам да се огласам и да дадам поддршка на својот народ. Прво, многу ми е жал што јас сум главна тема овие денови и што констатно се пишува за мене, а не за главните херои на оваа криза, докторите и сите медицински работници. Додека престојував во Шпанија бев негативен на коронавирусот и одлучив да допатувам во Србија и да бидам блиску до моето семејство, добив и дозвола од клубот. Кога слетав во Србија уште еднаш бев теситран и повторно бев негативен. Многу ми е жал што некои луѓе не си ја работеа работата професионално и не ми дадоа точни инструкции како треба да се однесувам во самоизолацијата. Во Шпанија имав дозвола да одам до аптека и супермаркет за да ги набавам потребните намирници, тука не бил таков случајот. Се извинувам ако на некој начин сум загрозил некого и се надевам дека сите заедно ќе го надминеме ова“, гласи пораката на Јовиќ.