Дома Фудбал Останато Плаќа ли некој воопшто!? – И Нејмар казнет поради неплаќање данок!

Плаќа ли некој воопшто!? – И Нејмар казнет поради неплаќање данок!

Најскапиот фудбалер во историјата и најголемата бразилска ѕвезда во овој момент е осудена поради неплаќање данок.

Пред Федеративниот суд во Бразил, Нејмар е осуден поради неплаќање данок од продажбата на неговите фотографи и е казнет со еден милион евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Нејмар е обвинет за неплаќање данок во периодот од 2011 до 2013 година. Обвинителите наведуваат дека користел лажни фирми за да плаќа помал данок, а на крајот ја оштетил државата за огромна сума.

На Бразилецот пред две години му беше запленет имот во износ од 50 милиони евра поради финансиски малверзации при трансферот во Барселона.

Да потсетиме, претходно многу фудбалски ѕвезди имаа проблем со законот. Лионел Меси мораше да плати огромна сума додека во овој момент во судот во Шпанија во тек е и процес против Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…