Андреа Пирло минатото лето беше назначен за тренер на Јувентус, но неговата авантура со „старата дама“ траеше само една година.
Иако без никакво тренерско искуство претходно Пирло освои два трофеи во Јувентус, но заврши на 4-то место во Серија А и доби отказ.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека нема долго да остане без работа бидејќи интерес за него покажува Евертон.
„Карамелите“ останаа без тренер после заминувањето на Карло Анчелоти, па Пирло е во потесниот список.
Покрај Пирло на списокот на Евертон се уште Еспирито Санто, Рафа Бентиз и Дејвид Мојс.