Андреа Пирло ја подготвува екипата на Јувентус за продолжение на сезоната и тврди дека не сака повеќе да гледа пристап на играчите како во натпреварот против Фиорентина.
Јувентус беше тешко поразен од Фиорентина (3:0) на свој терен, а Пирло беше лут од пристапот на своите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Разговаравме за тој натпревар против Фиорентина, во кој се беше погрешно, од пристапот до секој детал. Беше тоа лош начин да се заврши 2020. година. Имавме добар состанок на кој разговаравме за следните цели и за она што се случи. Никогаш повеќе не сакам да видам таков настап.“ – изјави Пирло за Јувентус ТВ.