Репрезентацијата на Србија вчера беше поразена од Австрија во претпоследната подготовка за Европското првенство, а селекторот на Србите, Драган Стојковиќ-Пикси незадоволен и бесен го напушти теренот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пикси не беше задоволен од она што на теренот го прикажуваа неговите фудбалери и посебно бесот го покажа во 84. минута кога имаа можност за контра, меѓутоа Лазар Самарџиќ лошо реагираше, па тој обид пропадна.
Во тие моменти Пикси почна да скока покрај аут линијата, а и во телевизискиот пренос можеше да се слушне неговата пцовка.
Последниот пријателски натпревар пред Европското првенство, Србија ќе го има на 8. јуни против Шведска во Стокхолм.
Видеото од пцуењето можете да го погледнете – ТУКА.