Барселона не успеа да го задржи Меси кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во редовите на ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жерар Пике сега даде свој коментар и го критикуваше раководството.
„Менаџментот на тимот дозволи работи што не смеаа да се случат. Не се успеа да се задржи Меси, претходно имаше промашувања со трансферите…За време на тоа ние фудбалерите бевме казнувани, но ние го носиме дресот на Барселона и наша должност е да се бориме“, изјави Пике.
Ќе потсетиме, Меси ја напушта Барселона затоа што клубот во финансиски проблеми и немаше начин како да се регистрира Аргентринецот.