Дома Останати Ракомет ПИК Сегед ќе го пречека Вардар со навивачи

ПИК Сегед ќе го пречека Вардар со навивачи

Вардар наредниот четврток ќе гостува кај ПИК Сегед во рамките од третото коло во Лигата на шампионите.

Пред овој натпревар од клубот соопштија дека на трибините ќе има навивачи. ПИК Сегед и Вардар ќе играат пред 972 фанови кои влезници ќе можат да купат во наредниот период.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За навивачите на ПИК Сегед постои услов. За влезница ќе можат да аплицираат само оние кои имаат валидни влезници за минатата сезона. Во случај да не се продадат влезниците тогаш секој ќе има можност да купи влезница.

Присутните во салата ќе имаат обврска да носат заштитна маска и да одржуваат дистанца од метар и половина. Исто така сите ќе потпишат изјава во која го прифаќаат ризикот за влез на натпреварот, на влезот ќе се мери температура која нема да смее да биде повисока од 37.5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното ЕП

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противници…