Дома Фудбал Перез за нив плати 97 милиони евра, а Лопетеги се уште не им дал ниту минута!

Перез за нив плати 97 милиони евра, а Лопетеги се уште не им дал ниту минута!

Дали Лопетеги поставува правилно?

Реал Мадрид не одигра премногу натпревари од почетокот на сезоната, само пет, па Лопетеги не сакаше да ја менува добитната комбинација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кралевите“ во текот на ова лето тимот го освежија со тројца фудбалери: Мариано Диаз, Алваро Одриозола и Винисиус Жуниор, а во првите пет натпревари ниту еден од нив не одигра ниту минута во првиот тим на Реал.

Мариано Диаз беше виден во тимот се очекуваше да добие простор и минутажа, но не заигра. Лопетеги истакна дека морал да го замени Бејл, а не Бензема.

Во последниот натпревар Реал Мадрид ремизираше на „Сан Мамеш“ и сега следат шест натпревари во наредните 18 денови и се очекува некој од нив да добие шанса.

Ќе потсетиме супер талентираниот Винисиус Жуниор настапува за младинскиот на Реал Мадрид каде што прикажува фантастични настапи (тука) и фановите со нетрпение чекаат да го видат во првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…