Дома Топ вести Перез два пати го стопирал трансферот на Икарди, позната и причината

Перез два пати го стопирал трансферот на Икарди, позната и причината

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите во Европа.

Икарди со своите партии во Интер го привлече вниманието на многу европски гиганти, па во секој преоден рок се поврзуваше со неколку клубови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Меѓутоа, Аргентинецот влезе во расправија со управата на „нероаѕурите“, па оваа сезона среќата ја побара во Пари Сент Жермен, каде игра во одлична форма.

Сопствениците на ПСЖ најверојатно на лето ќе го откупат неговиот договор за 70 милиони евра, но шпанските медиуми откриваат дека Аргентинецот бил блиску до трансфер во Реал Мадрид.

Имено, Ванда Нара  во 2017 и 2018 година ги договорила сите услови со Реал Мадрид, но претседателот на „кралевите“ во последен момент го откажувал трансферот поради една причина.

Имено, Перез сметал дека Аргентинецот нема карактер и одговорност да го носи дресот на еден од најголемите клубови во светот и дека може да прави проблеми во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…