Битолски Пелистер се наоѓа во сериозни проблеми пред почетокот на првата македонска фудбалска лига.
Пелистер нема доволен број фудбалери за да регистрира тим во најсилната македонска конкуренција за наредната сезона. Битолчани до четврток мораат да регистрираа 12 фудбалери, а во овој момент поради финансиската криза и слабиот играчи кадар имаат само петмина фудбалери со професионален договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската федерација испратила писмо до Пелистер во кое им соопштила дека мораат до 15.јули да ја испочитуваат процедурата и да регистрираат барем 12 фудбалери. Ако такво нешто се случи Пелистер би може да остане без потребната лиценца за настап во првата лига.
Инаку во претходниот период се одолговлекуваше продажбата на битолската гордост, па сега доведена е во прашање и целата сезона.