Словенскиот фудбалер Јосип Иличиќ го пропушти крајот на минатата сезона затоа што не беше спремен да игра поради приватни проблеми.
Медиумите претпоставуваа што се случува со Иличиќ кој играше фантастично за Аталанта. Поради проблемите Аталанта беше без него во завршницата од Лигата на шампионите и финишот на сезоната во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми објавија дека Иличиќ имал приватни проблеми и дека го здрмало се што се случувало околу пандемијата со коронавирусот. Наводно, дури размислувал и за крај на кариерата.
Меѓутоа тој успеа да се опорави и неодамна се врати на терен. На оваа тема сега зборуваше Папу Гомез.
„Единствената вистина е дека Иличиќ имаше коронавирус и падна во депресија. Има моменти кога низ главата ви поминуваат разни работи и навистина е тешко. Најважно е што тој се опорави и сега е се во најдобар ред со него“, изјави Гомез.