Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев со емотивна порака: Уште еден чекор до остварување на сонот!?

Пандев со емотивна порака: Уште еден чекор до остварување на сонот!?

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев испрати емотивна порака пред историскиот меч со Грузија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија ја дели еден чекор од пласман на Европското првенство, што е сон за цела нација.

Пандев преку Инстаграм испрати емотивна порака и порача да се обединеме сите за Македонија.

„113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи и радости, понижувања и многу убави и лоши работи за тебе МАКЕДОНИЈО…остана уште 1 чекор до остварување на мојот сон до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела НАЦИЈА… во овие тешки времиња да се обединеме сите заедно и да се обединеме сонот да ни стане реалност, ЕДЕН за СИТЕ – СИТЕ за ЕДЕН… ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“, порача Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …