Дома Фудбал Англија Паднал договор: Рашфорд станува најплатениот играч на Јунајтед!

Паднал договор: Рашфорд станува најплатениот играч на Јунајтед!

Како што стојат работите, Маркус Рашфорд и Манчестер Јунајтед ќе потпишат нова соработка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните најави од Островот се дека напаѓачот ќе стави потпис на договор според кој ќе заработува 375.000 фунти неделно и ќе стане најплатениот фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Според повеќе извори договорот помеѓу Јунајтед и Рашфорд е во финална фаза и преостануваат само детали. Ако се остварат најавите, значи дека платата на Рашфорд ќе биде скоро двојно зголемена, од досегашните 200.000 на 375.000.

Најплатен во овој момент е Давид Де Геа со плата од истите 375.000 фунти, меѓутоа Манчестер Јунајтед соопшти дека засега нема договор за продолжување на соработката со Шпанецот, договорот на голманот истекува на 30-ти јуни.

Дури и да се случи да остане Де Геа тоа ќе биде со намалена плата, па така е јасно дека Рашфорд ќе биде најплатениот во новата сезона на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како гром од ведро небо – Рубен Аморим ја презема клупата на европскиот гигант!

Португалскиот стратег Рубен Аморим е во директни разговори со италијанскиот гигант Милан з…