Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Франк Кеси се блиску до договор за продолжување на соработиката до 2026 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.
Минатата сезона се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и постигна 13 гола.
Неговиот договор истекува во 2022 година, па Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси веќе влезе во последната година од договорот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се блиску до договор и дека Кеси ќе стави потпис до 2026 година, а годишно ќе добива 6 милиони евра со вклучени бонуси.