Дома Трансфер зона Официјално: Челзи го испрати Баркли на позајмица

Официјално: Челзи го испрати Баркли на позајмица

Рос Баркли го напушти Челзи и остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Астон Вила.

Овој 26 годишник не беше во сериозни планови кај Френк Лампард, па клубот се реши да го испрати на позајмица. Изборот падна на Вила каде што ќе игра во наредната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баркли секако ќе претставува големо засилување за тимот од Бирмингем бидејќи се работи з аодличен фудбалер кој собра и 33 настапи за репрезентацијата на Англија.

Баркли во Челзи дојде во јануари 2018 година од Евертон и од тогаш настапи на 52 натпревари.

Сепак со доаѓањето на бројните засилување тој го изгуби местото во екипата. Во Вила од друга страна не би требало да има проблем да го пронајде своето место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Меси во Интер Мајами му се придружува уште едно големо име?

Како што пренесува „ЕСПН“ Анхел Ди Марија би можел да биде нов соиграч на Лионел Меси во М…