
Абел Пасквал постигна гол во победата на Борац над Челик со 4:2, но најголемиот аплауз во Зеница го заслужи со реакција во момент кога фудбалот стана спореден. Играчот на гостите се вклучи во помошта за домашен навивач кому му се слоши на трибините на „Билино Поле“.
Дуелот од 12. коло во Премиер лигата на Босна и Херцеговина беше запрен во 55. минута за медицинската екипа да интервенира. Додека лекарите му укажуваа помош на човекот, Пасквал презеде апарат за реанимација од еден од медицинските лица и со спринт се упати кон трибината.
Публиката го поздрави неговиот потег со силен аплауз. Најважната вест по прекинот беше дека навивачот е во добра состојба, а натпреварот потоа продолжи.
Пасквал имаше значајна улога и во резултатскиот пресврт. Челик двапати беше во предност преку Фарук Гогиќ и Сами Фарај. За гостите најпрво израмни Лука Јуричиќ, а Пасквал се погрижи на одмор да се замине со 2:2.
Во продолжението Борац го сврте резултатот во своја корист. Стефан Савиќ во 67. минута донесе водство, по што Јуричиќ со својот втор погодок ги постави конечните 4:2.
Тимот од Бања Лука е втор на табелата со 28 бода. Лидерот Зрињски има 33, но Борац има и еден одигран натпревар помалку.
Фото: Telegraf