Легендарниот француски напаѓач, Тиери Анри на два пати за малку му „избега“ наградата за најдобар фудбалер во годината, а сега доби признание на кое сигурно не се надеваше.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, најдобриот стрелец во историјата на Арсенал во неделата присуствуваше на фестивалот во Нигерија каде што беше крунисан за „Igwea“ – Крал на фудбалот!
Изгледа дека Нигериицте од секогаш беа големи фанови на 40 годишниот Французин кој секогаш кога ќе постигнеше погодок или ќе ги воодушевеше со атрактивен потег го нарекуваа фудбалски крал.
Анри по завршувањето на професионалната кариера остана во фудбалот. Денес е помошник на белгискиот селектор Роберто Мартинез.
