Дома Фудбал Официјално: Севиља го отпушти тренерот кој направи херојски подвиг против Ливерпул

Официјално: Севиља го отпушти тренерот кој направи херојски подвиг против Ливерпул

Промена на тренерското место во Шпанија..

Тренерот на Севиља, Едуардо Берицо денес доби отказ, дојде минатото лето како замена за Сампаоли, а само после пола година ја напушти Севиља.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Очекувањата беа навистина големи, во клубот беа вложени 65 милиони евра Берицо не успеа да го наметне препознатливиот стил.

„Одборот на директори на Севиља се сретна во петок и донесе одлука за смена на тренерот на првата екипа, Едуардо Берицо, поради лошата форма на тимот“, стои во официјалното соопштение.

И покрај поразот од Реал Сосиедад, Севиља остана на петото место во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите овој тим избори пласман во нокаут фазата.

Токму во ова натпреварување, Берицо ги имаше најдобрите моменти кога на полувремето во моментите кога шпанскиот тим губеше со 3:0 од Ливерпул им ја соопшти веста за неговата болест, па фудбалерите во вторите 45 минута одиграа херојски и стигнаа до 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…