Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Антонио Рудигер е фудбалер на Реал Мадрид.
Германскиот дефанзивец доаѓа од Челзи како слободен агент и потпише договор со „кралевите“ до 2026 година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Реал денес го официјализираше трансферот на Ридигер, а официјалната презентација на дефанзивецот ќе биде на 20 јуни на „Сантиаго Бернабеу“.
„Пресреќен сум што ќе бидам играч на Реал Мадрид и немам трпение да ја започнам новата авантура и да го одиграм првиот меч за Реал“, порача Рудигер.
👋 #WelcomeRüdiger 👋 pic.twitter.com/z7w28u6T6i
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) June 2, 2022