Рома синоќа доживеа елиминација од Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите, а денес одлучи да му врачи отказ на тренерот Еусебио ди Франческо.
Позицијата на Ди Франческо веќе подолго време беше разнишана, па раководството после поразот од Порто реши да му врачи отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од мое име и од името на сите во Рома сакам да му се заблагодарам на Еузебио Ди Франческо за неговите напори да го води овој клуб. Тој отсекогаш работеше професионално и го следеше интересот на клубот пред сопствениот интерес. Му посакуваме се најдобро во кариерата“, изјави претседателот на Рома, Џејмс Палота.
Ди Франческо како играч на Рома го освои Скудетото во 2001 година, а минатата сезона постигна голем успех и како тренер на „Волчицата“ откако се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Рома ја очекува голема битка за пласман во Топ 4 во Серија А, а медиумите во Италија тврдат дека Клаудио Раниери наскоро ќе го преземе тимот и ќе го води до крајот на сезоната.
Thank you, Eusebio. We will never forget nights like these… pic.twitter.com/zew3qyfqh4
— AS Roma English (@ASRomaEN) March 7, 2019