Мончи не застанува и продолжува да го полни ростерот на „волчицата“.
Рома ова лето работи со полна пареа, спортскиот директор Мончи изгледа одлучил комплетно да го реновира тимот и во тоа му успева. Вечерва на Твитер профилот на Рома беше претставено и деветото засилување за „волчицата“ – стопереот Вилијам Бијанда од Ленс.
Benvenuto all'#ASRoma, William Bianda! ??❤️
✍️ https://t.co/4AflHEgOW9 pic.twitter.com/7BwRCWyggB
— AS Roma (@OfficialASRoma) June 28, 2018
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според достапните информации, тој потпишал петгодишен договор со Рома, а клубот од Рим за неговите услуги на Французите ќе им плати пет милиони евра. Самиот играч ќе заработува нешто повеќе од еден милион евра по сезона.
Станува збор за млад играч кој во април наполни 18 години и затоа не би изненадило доколку веднаш биде испратен некаде на позајмица.
Да потсетиме, претходно во Рома пристигнаа: Анте Чориќ, Иван Маркано, Брајан Кристанте, Џастин Клајверт, Антонио Миранте, Хавиер Пасторе, Давиде Сантон и Николо Заниоло како дел од трансферот на Наинголан во Интер.
#ASRoma taking care of business ⚡️
A big welcome to William Bianda, our ninth new signing of the summer! ? pic.twitter.com/5c2uon0c4J
— AS Roma English (@ASRomaEN) June 28, 2018