Дома Останати Ракомет Официјално: Писонеро не се враќа во Вардар!

Официјално: Писонеро не се враќа во Вардар!

Она што се најавуваше вчера доби и официјална потврда, Давид Писонеро нема да се врати во Вардар откако си замина после завршувањето на полусезоната.

Писонеро си замина од клубот, меѓутоа се уште беше под договор со црвено-црните, меѓутоа соработката е предвремено раскината. Писонеро на почетокот од сезоната дојде во Вардар како прв тренер, но потоа беше прекомандуван во втор додека екипата ја водеше Едуард Кокшаров.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанецот во едно интервју пред неколку дена откри дека Вардар сакал да се врати на клупата како прв тренер, но тој ја одбил таа понуда. Писонеро сега повторно е тренер на шпански Ваљадолид од каде што дојде во Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Брестовац заедно со Ал Араби го освои Купот на Катар

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжув…