Дома Фудбал Германија Официјално: Нико Ковач нов тренер на Баерн Минхен

Официјално: Нико Ковач нов тренер на Баерн Минхен

Хрватскиот тренер Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес на клупата во Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, потврди реномираниот „Билд“.

За Ковач, кој моментално е тренер на Ајнтрахт Франкфурт, клубот од Минхен ќе плати откупна клаузула од 2,2 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во прилог на ова е и информацијата дека Ковач веќе го известил спортскиот директор на Ајнтрахт дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.

Оваа вест прв ја објави новинарот на „Билд“ Кристијан Фалк, а денес Баерн Минхен ја потврди веста.

„Постигнавме договор за тригодична соработка со Ковач“, потврди спортскиот директор на Баварците, Салихамиџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…