Дома Фудбал Останато Официјално: Нејмар во аут до крајот на сезоната

Официјално: Нејмар во аут до крајот на сезоната

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар ќе мора да оди на операција поради повреда на глуждот и ќе отсуствува од терените 3 до 4 месеци.

Ова денес го потврди францускиот клуб, а тоа значи дека сезоната за Нејмар е веќе завршена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„По неговото последно истегнување на лигаментите на десниот скочен зглоб на 20 февруари, медицинскиот персонал на Пари Сен Жермен препорача операција за санирање на лигаментите за да се избегне голем ризик од повторување на повредата. Сите експерти кои беа консултирани ја потврдија оваа неопходност“, објави ПСЖ.

Нејмар ја заработи последната повреда минатиот месец во победата од 4-3 над Лил во француското првенство. Претходно го повреди истиот глужд и на Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…