Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар ќе мора да оди на операција поради повреда на глуждот и ќе отсуствува од терените 3 до 4 месеци.
Ова денес го потврди францускиот клуб, а тоа значи дека сезоната за Нејмар е веќе завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„По неговото последно истегнување на лигаментите на десниот скочен зглоб на 20 февруари, медицинскиот персонал на Пари Сен Жермен препорача операција за санирање на лигаментите за да се избегне голем ризик од повторување на повредата. Сите експерти кои беа консултирани ја потврдија оваа неопходност“, објави ПСЖ.
Нејмар ја заработи последната повреда минатиот месец во победата од 4-3 над Лил во француското првенство. Претходно го повреди истиот глужд и на Светското првенство во Катар.