Дома Трансфер зона Официјално: Дибала е нов играч на Рома

Официјално: Дибала е нов играч на Рома

Рома денес и официјално го потврди трансферот на Пауло Дибала, кој доаѓа на „Олимпико“ како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот го напушти Јувентус како слободен играч, се веруваше дека ќе ја продолжи кариерата во Интер, но „нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите откако го доведоа Ромалу Лукаку.

Рома ја искористи таквата ситуација и го убеди Аргентинецот да му се приклучи на тимот на Мурињо.

Откако успешно ги мина лекарските прегледи Дибала денес стави потпис на договор до 2025 година со „волчицата“.

Аргентинецот во Рим ќе заработува 4,5 милиони евра кои со бонуси можат да достигнат до 6 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…