Како што е познато поранешниот сопственик на Милан од крајот на септември повторно е „газда“ на еден фудбалски клуб.
Берлускони тогаш го финализираше купувањето на третолигашот Монца, а во новиот проект веднаш му се придружи и Адријано Галијани, десната рака од славните денови во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Берлускони во Монца доведе уште еден стар познаник од „Сан Сиро“, Кристијан Броки.
Имено, Марко Зафарони доби отказ на клупата на Монца откако на пет натпревари во Серија Ц не успеа да запише ниту една победа, па на неговото место денес официјално пристигна Броки, поранешен тренер на Милан.
Иначе, 42 годишниот Броки и како играч долги години беше член на Милан каде што ја започна кариера. Тренерската кариера ја започна во младинскиот погон на „росонерите“, додека првиот тим го водеше кон крајот на сезоната 2015/2016.
Official: Silvio Berlusconi's #Monza appoint ex-#ACMilan man Cristian Brocchi as their new Coach https://t.co/QPLvz2vwlx #SerieC pic.twitter.com/tP3pcM0hnh
— footballitalia (@footballitalia) October 22, 2018