Дома Трансфер зона Официјално: Атлетико се засили со аргентински репрезентативец

Официјално: Атлетико се засили со аргентински репрезентативец

Атлетико Мадрид го комплетираше трансферот на десниот бек Науел Молина, кој доаѓа од Удинезе.

Киеран Трипие во јануари се пресели во Њукасл, па Атлетико беше во потрага по десен бек и успеа да го договори Аргентинецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За аргентинскиот репрезентативец Атлетико ќе плати 20 милиони евра, а играчот денес стави потпис на 5-годишен договор.

Молина запиша 7 гола и 5 асистенции во Серија А, што го импресионираше Диего Симеоне. Покрај тоа, Молина има и 16 натпревари за репрезентацијата на Аргентина и е меѓу играчите за кои се смета дека речиси сигурно ќе бидат во тимот за Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…