Пауло Дибала блеска во дресот на Јувентус и за него интерес покажуваат многу европски гигнати, но младиот Аргентинец наскоро ќе го продолжи договорот со „бјанконерите“.
Дибала веќе неколку месеци преговата со раководството на Јувентус за нов договор и недостасуваат само мали детали за тој да добие официјална потврда.
Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓
Аргентинецот со новиот договор годишно ќе заработува 7 милиони евра, а главна вест на Апениниете е неговата откупна клаузуала која ќе изнесува неверојатни 150 милиони евра.
Реал Мадрид и Барселона покажуваат голем интерес за услугите на Пауло Дибала, па се верува дека ова е сумата за која „бјанконерите“ ќе се сложат да го пуштат напаѓачот.
Останува да видиме дали некој од заинтересираните клубови ќе е спремен да ја плати оваа сума и да постави нов светски рекорд кога се трансферите во прашање.