Фернандо Торес ќе биде „персона нон грата“ во Милан. Не поради фактот што не покажа ништо додеке играше за „росонерите“, туку затоа што им се замеша во трансфер активностите.
Шпанските медиуми откриваат дека Алваро Мората бил на само чекор од Милан ова лето. Тој ја прифатил понудата на „росонерите“ да стане најплатен играч во Серија А со 8 милиони евра по сезона.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Исто така Реал и Милан биле во напредни преговори и „росонерите“ биле спремни да платат 70 милиони евра колку што барале „кралевите“.
Меѓутоа, во целата ситуација се замелаш и Фернандо Торес и го советувал својот пријател да го почека расплетот околу Лукаку и да се пресели во Челзи.
Торес го советувал Мората дека Милан не е клуб каде што ќе може да напредува во моментов и дека Премиер лигата би било идеално место за него.
Мората на крајот го послуша својот сонародник, го одбил Милан и заврши во Челзи каде одлично ја започна сезоната.