Во летото 2018 година Карим Бензема бил блиску до потпис со Барселона.
Пред сезоната 2008/2009, Пеп Гвардиола ја превзема улогата тренер на Барселона и едно од неговите први барања за управниот одбор беше нов напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карим Бензема кој тогаш играше за Лион била една од главните мети кога во прашање било купувањето на напаѓач. Бензема имаше импресивен учинок во Лион, па поради тоа бил желба на Гвардиола и се работело на тој трансфер.
Техничкиот секретар на Барселона Тики Бегиристаин бил задолжен за преговорите и отпатувал во Лион за да го убеди Бензема да потпише за каталонскиот гигант. Сепак, тој состанок не одел како што било планирано.
REPORT: A bad meeting kept @FCBarcelona from signing Benzema in 2008https://t.co/zuGXr84Cda
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) February 20, 2019
Трансферот наводно пропаднал само пораи лошото однесување на Бензема според Бегиристаин.
Внимавајте сега – поради превртувањето на очите тој добил впечаток дека Барселона не го интересира премногу Бензема. Тогаш одлучил да ги прекине преговорите, а на останатото раководство му објаснил дека Бензема може да биде проблематичен играч и дека неговата адаптација во Шпанија може да оди потешко.
Место Бензема, Барселона подоцна го доведе Давид Виља доека францускиот напаѓач направи трансфер во редовите на големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
Кој знае што би се случувало доколку Бензема изгледал позаинтересирано на тој состанок и завршел во Барселона. Иначе оваа сезона после заминувањето на Кристиано Роналдо Бензема е еден од најдобрите играчи на „кралевите“.