Малкумина веруваа дека Рафиња има иднина со Ханси Флик, но се се промени на почетокот на оваа сезона.
Минатата сезона Бразилецот играше на левото крило под водство на Чави Ернандез, Ламин Jамал беше десно, а поради неговата пазарна вредност, Барса беше подготвена да го продаде и со тоа да го покрие потенцијалниот трансфер на Никo Вилијамс кој на крајот не се реализираше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ денеска открива дека Барселона летово на маса имала понуда од дури 100 милиони евра, во која биле вклучени и бонуси, но Рафиња бил одлучен во неговата намера да остане.
Понудата била од Саудиска Арабија, а Рафиња на сакал да ја прифати за да остане во игра настап за репрезентацијата на Мундијалот во 2026 година. На крајот неговото останување се покажа и како одлично за Барселона бидејќи игра на високо ниво. Во првите три кола зад своето име Рафиња запиша три асистенции и три погодоци.