Дома Фудбал Откриен планот на Њукасл, го сакаат најскапиот тренер во светот

Откриен планот на Њукасл, го сакаат најскапиот тренер во светот

Новите богати сопственици на Њукасл имаат за цел да го развијат клубот по моделот на Атлетико Мадрид и поради тоа нивна најголема желба е тренерот Диего Симеоне.

Токму поради тоа шеиците нема да жалат пари за да го донесат Симеоне на кормилото и тоа во „пакет“ со спортскиот директор на „јорганџиите“ Андреа Берта, открива „АС“.

Планот е прво да биде донесен Берта, кој веќе 9 години работи во Атлетико Мадрид, а Њукасл ќе му даде одврзани раце околу трансферите и огромен буџет.

Сопствениците на Њукасл се надеваат дека токму тој ќе биде човекот кој ќе го убеди Диего Симеоне да се пресели на „Сент Џејмс Парк“. Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Аргентинецот во моментов е најплатен тренер во светот со околу 30 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тинејџерите носат бодови, трансферите милиони: Истра гради поинаква фудбалска приказна

Со просечна возраст од само 21,3 години, клубот од Пула е најмлад во хрватското првенство.…