Дома Фудбал Лига на шампиони Осамна транспарент пред стадионот на Барселона: Навивачите го кажаа своето

Осамна транспарент пред стадионот на Барселона: Навивачите го кажаа своето

Барселона синоќа доживеа дебакл во Лисабон бидејќи во четвртфиналето беа поразени од Баерн со 8:2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ваков пораз Барселона никогаж не доживеала, а тој најдобро ја отсликува моменталната ситуација во каталонскиот клуб. Јасно е дека претседателот Бартомеу го изгубил компасот и навивачите веќе некое време бараат негово заминување.

Група навивачи на каталонскиот клуб се собрале синоќа пред стадионот каде ги исфиркале играчите и тренерот за срамниот пораз, а аплаузи добиле само младите Ансу Фати и Рики Пуиг.

Дека ова е капката која ја прели чашата најдобро покажува и транспарентот на навивачите кој осамна утрово пред стадионот.

„Управа и играчи, срамота во 121 години историја на овој клуб“ – пишува на транспарентот кој се најде пред стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…