Дома Фудбал Лига на шампиони Осамна транспарент пред стадионот на Барселона: Навивачите го кажаа своето

Осамна транспарент пред стадионот на Барселона: Навивачите го кажаа своето

Барселона синоќа доживеа дебакл во Лисабон бидејќи во четвртфиналето беа поразени од Баерн со 8:2.

Ваков пораз Барселона никогаж не доживеала, а тој најдобро ја отсликува моменталната ситуација во каталонскиот клуб. Јасно е дека претседателот Бартомеу го изгубил компасот и навивачите веќе некое време бараат негово заминување.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Група навивачи на каталонскиот клуб се собрале синоќа пред стадионот каде ги исфиркале играчите и тренерот за срамниот пораз, а аплаузи добиле само младите Ансу Фати и Рики Пуиг.

Дека ова е капката која ја прели чашата најдобро покажува и транспарентот на навивачите кој осамна утрово пред стадионот.

„Управа и играчи, срамота во 121 години историја на овој клуб“ – пишува на транспарентот кој се најде пред стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дончиќ повторно ѕвезда на вечерта, Словенецот не знае да одигра лош натпревар (Видео)

Изминатата ноќ во НБА-лигата беа одиграни шест натпревари и главен впечаток е новата одлич…