Дома Фудбал Останато Одреден датумот за погребот на Астори: Семејството има една молба до новинарите!

Одреден датумот за погребот на Астори: Семејството има една молба до новинарите!

Фиорентина вчера се врати на тренинзите, но играчите прво му оддадоа почит на својот капитен Давид Астори. Потсетуваме, 31-годишниот почина во сон од срцев удар, а го откри масерот во хотелската соба во неделата, пред натпреварот во Серија А против Удинезе.

Сите натпревари во Серија А и Серија Б за тој ден беа одложени. Пред почеток на тренингот, играчите, тренерот Стефано Пиоли и управата на клубот, заминаа до влезот на „Артемио Франки“ во чест на Астори, со цвеќе, емотивни пораки и шалови од навивачите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сите играчи го потпшаа специјално дизајнираниот црвен дрес, кој ќе го носат овој викенд во натпреварот против Беневенто. Исто така, додадоа и постер со ликот на Астори, кој содржи порака преку социјалните медиуми кои неговите соиграчи ја објавија во негова чест.

Во меѓувреме, семејството на Астори побара да не има фотографирање и снимање за време на погребот, кој ќе се одржи утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…