Денеска започнуваат четвртфиналните натпревари од Светското првенство.
Едно од најголемите изненадувања на Мундијалот е домаќинот Русија кој во осмина финалето го испрати дома поранешниот светски шампион Шпанија. Сега Русија ја очекува дуел против силната Хрватска, кој со четири победи успеа да се пласира во четвртфиналето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
А сега пристигнаа и добри вести за Русите. Имено, Алан Џагоев, еден од најдобрите руски фудбалери на овој турнир ќе биде спремен за натпреварот против Хрватска. Тој на првиот натпревар против Саудиска Арабија го повреди грбот, па ги пропушти следните три натпревари. Но, според неговите зборови ќе биде подготвен за најважниот натпревар на Русија до сега.
Натпреварот помеѓу Русија и Хрватска ќе се одигра утре од 20:00 часот.