Дома Фудбал Италија Од Јувентус на шест дена пред дербито: Не ни ја враќајте титулата ама поништете му ја на Интер!

Од Јувентус на шест дена пред дербито: Не ни ја враќајте титулата ама поништете му ја на Интер!

Јувентус испрати најнова жалба и барање да му се поништи титулата на Интер шампион на Италија за сезоната 2005/2006 и тоа на шест дена пред меѓусебниот натпревар на овие два тима на „Џузепе Меаца“.

За оние кои не знаат или заборавиле на Јувентус од споменатата сезона му беше одземена титулата поради вмешаност во скандалот „Калчополи“, поради што овој клуб играше и една сезона во Серија Б.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Титулата од таа сезона му беше проследена на Интер, но Јувентус не се откажува од испраќањето жалби.

Ако веќе титулата не може да биде вратена на Јувентус во Торино сакаат да му се одземе на Интер, денес е потврдено дека клубот испратил нова жалба до италијанските власти.

Интересно, Јувентус се одлучи на ваков потег на шест дена пред дербито кое се игра во недела.

Интер во дербито влегува како лидер на табелата во Серија А со 18 бодови, Јувентус во овој момент е второпласиран со два бода помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Реал веќе одлучиле: Ова е цената за Винисиус, кој е подготвен, нека плати!

Раководството на Реал Мадрид ги извести сите заинтересирани страни за сумата која треба да…