Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ во проблеми: Нејмар ги пропушта двата меча со Јунајтед!

ПСЖ во проблеми: Нејмар ги пропушта двата меча со Јунајтед!

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар речиси сигурно нема да игра и во двете средби со Манчестер Јунајтед од осминафиналето во Лигата на Шампионите, пренесува угледниот „Екип“.

Најскапиот фудбалер на светот заработи повреда на стапалото за време на дуелот со Стразбур за Купот на Франција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најпрво се очекуваше Нејмар да се врати на терените за еден месец, но последните информации од Франција говорат дека ќе се опоравува до крајот на месец март.

Тоа практично ќе значи дека не само што ќе го пропушти двомечот со Манчестер Јунајтед, туку и евентуалната средба во четвртфиналето од ЛШ доколку „светците“ ги елиминираат „црвените ѓаволи“.

Втора година по ред, Нејмар ќе пропушти клучен судир во Лигата на шампионите поради повреда. Во февруари 2018 година тој се повреди пред реваншот од осминафиналето против Реал Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

stay strong ??❤️

A post shared by EneJota ?? ? neymarjr (@neymarjr) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Случајот Мбапе“ не е единствен: Докторите на Реал во проблеми и со Камавинга?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се најде во центарот на вниманието по начин на ко…