Канцеларијата од областа ЛА Каунти денес објави детали од несреќата во која во неделата животот го загуби Коби Брајант заедно со неговата ќерка Џана Марија и уште седум лица.
После направената обдукција објавено е дека сите девет жртви во хеликоптерот настрадале од „тешки трауми“. Ова значи дека починале од тешки скршеници, поради пад и удар со голема брзина. Покрај деталите од обдукцијата се наведува дека станува збор за несреќен случај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Авионот на Коби се урна 13 минути по полетувањето. Официјално причината за падот се уште не е потврдена, но претпоставките се дека најголем проблем направила густата магла.
Денес беше објавено и дека хеликоптерот Сикорски-76Б немал дозвола за летање во лоши временски услови – тука.