Денес Македонија ја доби групата за Европското првенство во ракомет во 2022 година, а сега е објавен и распоредот.
Ждрепката сакаше Македонија да игра во група со Словенија, Црна Гора и Данска. Турнирот ќе го отвориме со Словенија и ако гледаме како стојат работите на хартија токму Словенија можеби ќе биде нашиот главен ривал за пласман во следната фаза, Данска секако е првиот фаворит. Затоа токму овој дуел можеби ќе биде и најважниот.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
По Словенија ќе играме со Црна Гора два дена подоцна во натпревар во кој ќе биде фаворити. Групата ќе ја завршиме со натпреварот против Данска.
РАСПОРЕД НА ЕП:
13 јануари – Словенија
15 јануари – Црна Гора
17 јануари – Данска