Денес е соопштен распоредот во шпанската Ла Лига, а „жешко“ отварање ќе има македонскиот голман Столе Димитриевски.
Во првото коло Столе и неговиот Рајо ќе и гостуваат на Барселона на „Камп Ноу“. На последното гостување во Ла Лига на „Камп Ноу“ Столе беше херојот на Рајо со одбранетиот пенал на Мемфис Депај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првите натпревари во Ла Лига се закажани за на 14. август.
Актуелниот шампион на Шпанија и Европа ќе стартува против Алмерија на гостински терен. Големите дерби средби или „Ел Класико“ ќе се играат на 16. Октомври на „Сантијаго Бернабеу“ и 19. март на „Камп Ноу“.