Дома Фудбал Италија „Нула“ во дербито: Милан и Донарума го запреа Наполи – Јувентус има „меч топка“ (Видео)

„Нула“ во дербито: Милан и Донарума го запреа Наполи – Јувентус има „меч топка“ (Видео)

Наполи денес одигра реми 0:0 против Милан и практично Јувентус против Сампдорија ќе има меч топка.

„Сан Сиро“ денес беше преполн. Гостите беа во ситуација во која мораа да победат, но Милан им се испречи на патот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Најдобрата шанса за Милан ја имаше Калиниќ кога не ја зафати топката најдобро со глава, се обиде и Боновентура, на другата страна прилика имаше Мертнес, но Донарума интервенираше.

Хамшик, Инсиње и Каљехон од изгледни позиции не успеваа да ја погодат рамката од голот, а после бомбата на Чалханоглу беше поништен гол на Мусакио поради офсајд.

Во вториот дел гледавме фудбал со многу помалку шанси. Хамшик и Инисње имаа полуприлики за Наполи, Мила се закани во финишот преку неколку корнер и после влегувањето на Силва.

И потоа во 91 злантна прилика за Милик, зицер и неверојатна одбрана на Донарума која можеби ќе биде и избрана за интервенција на сезоната. Можеби одбрана и која за Јувентус значи Скудето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Беше најголем талент на Манчестер Јунајтед, а сега ќе игра во третата лига во ОАЕ

Равел Морисон во својата младост важеше за еден од најголемите таленти на англискиот фудба…