Бразилецот Ендрик кој има 18 години неодамна пристигна во Мадрид и ќе се обиде да се навикне на својот нов живот, а за Реал веќе собра неколку настапи во подготвителните натпревари на американската турнеа.
Официјалното деби се очекува на 14. август кога „кралевите“ во Варашва ќе играат против Аталанта во европскиот Суперкуп.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
За него Реал плати 60 милиони евра без бонуси и го обезбеди уште во 2022 година, но се чекаше да стане полнотелен и да потпише професионален договор.
Во едно свое интервју тој зборуваше за неговите омилени фудбалери, а на листата стави и двајца сегашни соиграчи, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем. Исто така го смести и Кристијано Роналдо меѓу омилените, но големо изненадување беа имињата на легендите Ференц Пушкаш и Боби Чарлтон.
Нивното присуство на листата на Ендрик е изненадување затоа што Бразилецот немал прилика да ги гледа на терените и изостави играчи од „поновото време“ како: Бразилецот Роналдо, Роналдињо, Нејмар, Меси…