Дома Трансфер зона Новото засилување на Интер има голема самодоверба – сака да биде како Чави!

Новото засилување на Интер има голема самодоверба – сака да биде како Чави!

Интер oва лето доведе Сенси, а тој покажа и тоа како голема самодоверба.

Сенси со добрите настапи во Сасуоло се избори за место во репрезентацијата на Италија, а во дресот на „нероаѕурите“ очекува дополнително да напредува.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Низ некои медиуми можеше да се прочита за негови споредви со Чави и Сенси од тие споредби воопшто не бега.

„За тоа сонував…Со доаѓањето во Интер започнувам нов живот, но иако сум кратко тука ми изгледа како да сум долго време член на овој клуб. Да, мој идол секогаш беше Чави. Го сметам дури како за член на моето семејство. Растев гледајќи ги неговите натпревари. Навивав за Барселона и се надевам дека ќе играме против нив во финалето од Лигата на шампионите“, објасни Сенси.

Кога во прашање е тимот на Интер, тој смета дека минатата сезона на тимот му недостасувал победнички менталитет, но дека тоа ќе се промени со доаѓањето на Антонио Конте.

„Мислам дека Интер сега има се што му е потребно за да започне да победува“, порача Сенси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…