Дома Фудбал Ново чудо од школата на Ајакс: Има 17 години и постигна 32 гола на 35 натпревари!

Ново чудо од школата на Ајакс: Има 17 години и постигна 32 гола на 35 натпревари!

Ајакс со своите настапи оваа сезона го воодушеви фудбалскиот свет.

Холандскиот клуб е не чакор од нова титула во првенството, а во Лигата на шампионите поминаа преку Реал Мадрид и Јувентус во нокаут фазата и стигнаа до полуфиналето каде што против Тотенхем во последните секунди останаа без финале.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Френки Де Јонг и Матијас Де Лихт се двајцата фудбалери кои ја воодушевија фудбалската јавност, додека еден веќе обезбеди трансфер во Барселона, другиот води преговори за преминување во некој европски гигант.

Холанѓаните така уште еднаш покажаа дека работат одлична работа во својата академија, а тоа го покажува и примерот на еден нов голем талент кој се развива во школата на Ајакс.

Брајан Броби е играч кој оваа сезона во првенството постигна 32 гола на 35 натпревари за младинскиот тим на Ајакс и тоа со само 17 години. Додека кога ќе се соберат неговите вкупни бројки тој има неверојатни 64 голови на 67 натпревари.

Овој тинејџер кој е роден во Амстердам во 2002 година веќе настапува за репрезентацијата на Холандија до 17 години со која го освои второто место на Европското првенство во оваа возраст, а нема сомневање дека наскоро ќе го гледаме во првиот тим на Ајакс.

https://www.youtube.com/watch?v=GQmq_6mTxmc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Гвардиола го напушта Сити

Манчестер Сити на крајот од сезоната може да остане без Пеп Гвардиола. Неговиот договор ис…