Дома Актуелно Новиот договор е спремен: Челзи го прави Канте најплатен во клубот!

Новиот договор е спремен: Челзи го прави Канте најплатен во клубот!

Како што пренесуваат англиските медиуми управата на Челзи е убедена дека наскоро ќе потпише договор со еден од најважните фудбалери на тимот.

Според информациите од Островот, Челзи подготвува нов договор за скромниот Нголо Канте и „сините“ се спремни да го направат нивни најплатен играч, барем додека Азар не го продолжи (ако) договорот.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Доколку најавите се точни и фудбалерот ја прифати понудата, Челзи на Канте му нуди плата од 290.000 фунди неделно.

Челзи не е во опасност на Канте брзо да му заврши актуелниот договор, со оглед дека истиот има важност до 2021, но клубот од Лондон изгледа сака да го награди за одличните настапи. Во овој момент играчот за врска заработува 150.000 фунти неделно.

Канте е еден од 7-те фудбалери на Челзи кој го одигра секој натпревар во Премиер лигата од доаѓњето на Маурицио Сари.

https://www.youtube.com/watch?v=nv8nY6KscXM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…